Премиерот Зоран Заев даде изјава директно од Малешевијата во вестите на Сител и рече дека лично се познава со возачот на стариот Фап кој стана хит во медиумите и на социјалните мрежи кога се гаснеше пожарот на Богородица.
– Фапот е од Југославија но редовно се сервисира и си ја заврши работата. Донесе вода од 8.000 тони. Возачот е од Струмица, лично го познавам, се вика Јоцо Манго. , истурио 8.000 тони, сервисиран, рече Заев.
Возилото кое може да се види во старите југословенски филмови е во сопственост на Демир Капија. Датира од седумдесеттите години на минатиот век, а општината го користи за миење на улиците. Не може директоно да гаси пожари, но може да носи големо количество на вода.
Заев во вестите на Сител додаде дека по одбележувањето на Денот на републиката на 2 август вечерта ја преспал во Кочани.
– Прво од 2 август директно дојдовме во Кочани и таму спиевме со Филипче, а кога беше локализиран пожарот, отидов на одмор, но кога видов дека бараат граѓаните да се вратиме, ние се вративме, кажа Заев.
ИЗВОР: ФАКТОР