strumica denes logo

ПРЕМИЕРОТ ЗОРАН ЗАЕВ НА СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА БИЗНИС СЕКТОРОТ ОД ОПШТИНА СТРУМИЦА!

Автор:

Датум:

мај 3, 2019

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

мај 3, 2019

Категории:

Струмица

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, вчера, во ресторанот „Вила парк“ одржаа работна средба со претставници на бизнис секторот од општина Струмица и струмичкиот регион. Срдечно добредојде и успешна работа на сите присутни на средбата им посака градоначалникот Коста Јаневски при што истакна дека Владата дава силен напор за поддршка на стопанствениците и бизнис секторот, бидејќи како што рече, вие сте двигатели на економијата на нашето општество. Целта на средбата беше одблиску да се разменат размислувањата за економската состојба и да се презентираат економските политики и мерки за поддршка на приватниот сектор од страна на Владата, а кои обезбедуваат економски просперитет на државата.