strumica denes logo

ПРЕМИЕРОТ ПО УБИСТВОТО ВО СКОПЈЕ: Криминалните битанги ќе завршат таму каде што им е местото!

Автор:

Датум:

август 21, 2024

Автор:

Датум:

август 21, 2024

По двата инциденти во Скопје, во кои едно лице беше убиено, премиерот Христијан Мицкоски порача дека граѓаните треба да се чувствуваат безбедно и слободно. Тој нагласи дека ќе се борат против криминалните структури во земјата.

„Криминални структури имало и ќе има. Во овој период на транзиција поединци земаат замав, некои се охрабрени од некои центри на моќ. Но ние ќе се бориме и ќе ги победиме. Ваквите криминални битанги ќе завршат онаму каде што им е местото, ве уверувам во тоа“ рече Мицкоски.