strumica denes logo

ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ: Почнува кампањата „Помалку трошоци, повеќе за тебе – Се грижиме“ – Се намалуваат цените на над 800 прехранбени производи!

Автор:

Датум:

декември 16, 2024

Автор:

Датум:

декември 16, 2024

Христијан Мицкоски, премиер на Република Македонија:

Од денеска почнува кампањата „Помалку трошоци, повеќе за тебе – Се грижиме“ со која се намалуваат цените на над 800 прехранбени производи во пресрет на новогодишните празници.

Во новогодишната потрошувачка кошничка листа спаѓаат цела низа на производи како леб и житарици, пекарски производи, месо и преработки од месо, риба, млеко и млечни производи, кондиторски производи, свежо, замрзнато и конзервирано овошје и зеленчук, безалкохолни (газирани и негазирани) напитоци и друго.

Кампањата ќе трае до 15 јануари 2025 година.

Вклучени се над 80 компании, а новогодишната потрошувачка кошничка би се проширила со над 1000 производи. Вака директно помагаме за стандардот на граѓаните и заштита од ценовни шокови.