strumica denes logo

ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ ДЕНЕСКА ВО СТРУМИЦА НА ТРИБИНА НА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД!

Автор:

Датум:

јули 3, 2025

Автор:

Датум:

јули 3, 2025

Денека со почеток од 19:30 часот, на градскиот плоштад „Гоце Делчев“ во Струмица ќе се одржи трибина со наслов „Доаѓа времето на Македонија – ги градиме темелите на промените“.

На настанот, кој е фокусиран на темата „Една година ги градиме темелите на македонското земјоделство и храна“, свои обраќања ќе имаат:

Христијан Мицкоски – Претседател на Владата на Република Македонија

Цветан Трипуноски – Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

Илија Стоилев – Директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој

Ели Панова – Пратеник

Влатко Стојкоски – Директор на Државниот пазарен инспекторат

Трибината има за цел да ги претстави резултатите и насоките на Владата во насока на унапредување на земјоделството и безбедноста на храната, како и плановите за идниот развој на оваа стратешка гранка.