ПРЕМИЕРА: Вечерва „Забрането смеење“ ексклузивно пред струмичката публика!

ноември 7, 2018

Со почеток од 20:00 часот, вечерва во НУЦК „Антон Панов“-Струмица, премиерно ќе се одигра претставата „Забрането смеење“.

Автор: Миро Гавран

Режија: Игор Ивковиќ

Играат:

Стојан Велков – Трн

Јасмина Вучкова

Анкица Бенинова

„ЗАБРАНЕТО СМЕЕЊЕ“ е претстава која раскажува навидум едноставна семејна приказна за 43 годишниот Борис, кој има богата сопруга и со неа е во брак 20 години. Во последните 5 години тој ја има и помладата љубовница Нина. Кога швалерката ќе реши да ја раскине врската со него, почнуваат проблемите.

Претставата говори за нас луѓето од денешницата. За тоа колку глумиме сите ние во животот и дека сето тоа стана одвратно. Ова е претстава која ги исмејува бесмислените, лажни и себични споделувања емоции. Зборува за хипокризијата во секојдневните човечки односи, за лажните компромиси што се прават во брачните односи, но и за сексуалните фрустрации кои произлегуваат од нив. И сето тоа на комичен начин. Така можеби ќе си ги воочиме грешките и ќе направиме од нас посреќни луѓе.

Превод и адаптација: Горјан Милошевски

Дизајн на сцена и костими: Маре Трајковска, Ванчо Василев

Сценски движења и танци: Валентино Апостоловски

Музика: Виктор Апостоловски, Ставре Ангелаков
(користени делови и од Nina Zilli, Jules Gaia, Gavin Luke)

Графички дизајн: Марјан Ѕингаров

Изложба: Од колекцијата на „СТРУМИЧКАТА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА“.

Дела на авторите: Марјан Ѕингаров, Ване Костуранов, Никола Пијаманов, Љупка Галаска-Василев).

Ве молиме пред влезот во салата да ги исклучите мобилните телефони.

Забрането е фотографирање, аудио и видео снимање.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ