Perdormire
Струмица

ПРЕМИЕРА: СЛАВИЦА АНГЕЛОВА НА ДЕНОТ НА СВОЈОТ РОДЕНДЕН ЈА ОБЈАВИ СВОЈАТА НОВА ПЕСНА СО ВИДЕО ЗАПИС „САКАМ СЕ’“

Како минуваат годините, нашата струмичанка Славица Ангелова се’ посериозно навлегува во големиот музички свет. Денеска на својот роденден, Ангелова ја објави својата нова песна со видео запис која носи наслов „Сакам се’“. Музиката, текстот и аранжманот се на искусниот Темелко Андреев кој уште еднаш покажа дека е еден од најдобрите!

„Се радувам што баш денес на мојот роденден ја објавувам мојата нова песна. Се надевам дека ќе им се допадне на слушателите, бидејќи „Сакам се’“ е работена навистина со големо внимание и љубов“ – изјави Славица Ангелова за Струмица Денес.

Веднаш под овој текст имате видео линк од „Сакам се“. Искрени честитки до Славица!