ПРАТЕНИЧКИТЕ ПАНОВА И ПОЦКОВА СО ПОДДРШКА ЗА ПОЖАРНИКАРИТЕ И АПЕЛ ШТО ПОБРЗО ДА СЕ НАДОКНАДИ ШТЕТАТА!

јануари 3, 2021

Огнот што синоќа беснееше во „Глобал“ во Струмица ги вознемири сите струмичани. Ден по големиот пожар, се огласија и пратеничките од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Ели Панова и Д-р Јадранка Поцкова.

„Синоќа се сличи огромна трагедија за Струмичани! Пламените јазици зафатија многу дуќани и бизниси, многу семејства останаа без долгогодишен труд, вложување и заработувачка! Штетата е ненадоместлива и сочувствувам со сите! Тажен ден за Струмица но благодарение на пожарникарите кои се бореа со страшниот пожар кој избувна во ТЦ Глобал, нема човечки жртви! Сакам да упатам огромна благодарност до ХЕРОИТЕ од Против пожарните едници на Струмица, Радовиш, Кавадарци, Валандово и Штип кои помогнаа во гаснењето на пожарот.“ – напиша Ели Панова.

За истиот случај се обрати и Д-р Јадранка Поцкова:

„Навистина жално и тажно е да се помине покрај Глобалот вечерва. Изгаснато светло и прашина што повремено ветерот ја издига над опожарените површини.Се очекува од утре службите да одговорат на прашањето: како дошло до пожарот?

Но,заедно со струмичани им сме благодарни на сите оние Пожарникари од Струмица и околните градови кои помогнаа вчеравечер и го дадоа својот максимум за локализирањето на пожарот. Загубите за стопанствениците се огромни и не смееме сега да дозволиме да се нема чувство за солидарност и правда. Ни останува во наредните денови сите заедно да им излеземе во пресрет на настраданите од пожарот.“ – стои во објавата на Д-р Јадранка Поцкова.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: