Пензиите за ноември 2023 година официјално ќе бидат исплатени на 1 декември 2023 година.
Некои од македонските банки пензијата ја исплаќаат и ден-два претходно.
Пензијата од пред два месеци беше покачена за околу 5 отсто, а следното покачување е најавено за март.
Со новото системско решение пензиите ќе бидат покачувани два пати годишно и тоа во март и септември секоја година.