Струмица овој петок ќе биде домаќин на познатиот европски хирург за дебелина, д-р Елнур Пиралиев од Истанбул, кој ќе одржи предавање и средба со граѓаните.
Настанот ќе се одржи во Домот на култура во Струмица, мала сала, со почеток во 14:00 часот, а ќе трае до 18:30 часот.
Станува збор за можност граѓаните одблиску да се запознаат со современите методи и пристапи во третманот на дебелината, директно од еден од најпознатите хирурзи во оваа област.
Организаторите најавуваат корисна и информативна средба, а сите заинтересирани ќе имаат можност да добијат повеќе информации и да се запознаат со искуствата и експертизата на д-р Пиралиев.






















