strumica denes logo

ПОЗНАТ ЕВРОПСКИ ХИРУРГ ЗА ДЕБЕЛИНА ДОАЃА ВО СТРУМИЦА – Д-Р ЕЛНУР ПИРАЛИЕВ ЌЕ ОДРЖИ ПРЕДАВАЊА!

Автор:

Датум:

мај 2, 2026

Автор:

Датум:

мај 2, 2026

Во Струмица на 8 и 9 мај ќе престојува еден од најпознатите хирурзи за дебелина во Европа, д-р Елнур Пиралиев од Истанбул, Турција. Станува збор за специјалист по баријатриска и метаболна хирургија, со долгогодишно искуство во областа на современите хируршки методи за третман на дебелина.

Според најавите, д-р Пиралиев ќе одржи предавања во малата сала на Домот на култура „Антон Панов“ во Струмица. Настаните ќе започнуваат од 13:00 часот, а поканата е отворена за сите заинтересирани граѓани кои сакаат да се информираат повеќе за можностите и придобивките од баријатриската хирургија.

Организаторите информираат дека присутните ќе имаат можност директно да се запознаат со современите пристапи во лекувањето на дебелината, како и да поставуваат прашања и да добијат стручни совети од реномиран хирург од меѓународен ранг.