ПОЖАРНИКАРИТЕ ОД СТРУМИЦА ПРОДОЛЖУВААТ ДА ГИ ЗАПОЗНАВААТ НАЈМАЛИТЕ СО ДЕЛ ОД ОПРЕМАТА

ноември 1, 2018

Во рамките на воспоставената соработка меѓу Територијалната професионална противпожарна единица и градинката „Детска радост“, деновиве, пожарникари од единицата со дел од опремата ги посетуваат клоновите на градинката. Тие ги запознаваат дечињата со работата на пожарникарите, со опремата на противпожарните возила и останата опрема која што ја користат во интервенциите што ги спроведуваат. Според Александат Гудев, командир на ТППЕ Струмица, децата во градинката покажуваат голем интерес, што за нив е мотив повеќе, почесто да бидат меѓу нив.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ