Вечерва во 22:45 часот, во околината на Струмица беше регистриран земјотрес, информира Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Според првичните податоци, јачината на земјотресот изнесува 3.0 степени според Рихтеровата скала.
Епицентарот се наоѓа на 18 километри југоисточно од Струмица, на длабочина од 8 километри.