ПОВТОРНО ЗАСИЛЕНИ КОНТРОЛИ ВО СТРУМИЦА: КАЗНЕТИ 44 ВОЗАЧИ КОИ ВОЗЕЛЕ БРЗО И 13 МОТОРЏИИ ЗА НЕНОСЕЊЕ НА КАЦИГА, НЕМАЛЕ ВОЗАЧКА И РЕГИСТРАЦИЈА!

јули 5, 2021

Секторот за внатрешни работи Струмица во текот на вчерашниот ден (04.07.2021) во периодот од 09.00 до 15.00 часот спроведе засилени контроли во сообракајот, при што биле констатирани 50 прекршоци, од кои 44 сторени од возачи кои управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената.

Истиот ден, во периодот од 18.00 до 24.00 часот, Секторот за внатрешни работи Струмица спроведе засилени мерки и над возачите на мотоцикли, при што биле констатирани 13 прекршоци, од кои 8 за некористење на заштитен шлем-кацига за време на возење, по 2 за управување без возачка потврда/дозвола и нерегистриран мотоцикл и 1 прекршок за изминат рок на важност на регистрацијата.
Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ