ПОТЕГ ЗА ПОЗДРАВ НА СОУ „НИКОЛА КАРЕВ“ : УЧЕНИЦИТЕ ЗАПОЧНУВААТ АКЦИЈА „ПОДАРИ, ИЗРАДУВАЈ НЕКОГО“ ЗА СИТЕ ОНИЕ КОИ НЕМААТ МОЖНОСТ ДА СИ ПРИУШТАТ СКАПИ РАБОТИ ЗА МАТУРСКАТА ВЕЧЕР!

април 7, 2022

СОУ „НИКОЛА КАРЕВ“ – СТРУМИЦА:

Драги поранешни ученици и сите хумани и добри луѓе. Во пресрет на матурската вечер ,која за секој матурант е многу важен и убав настан, имајќи ги во предвид тешкото и кризно живеење, учениците од нашето училиште започнуваат акција со име “Подари ,израдувај некого” за сите оние кои немаат можност да си приуштат скапи, свечени тоалети за матурската вечер. Сите знаеме дека матурскиот фустан или костум може само еднаш сме го облекле и нú стои во плакар. Убаво би било да го подариме на некој/а матурант/ка и да му ја/го разубавиме денот на полнолетството. Ги покануваме и сопствениците на бутици кои се во можност да подарат и тие нешто од својот асортиман. Сите заинтересирани можат да нú се обратат со порака во инбокс или директно во училиштето.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ