ПОСЕБЕН РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈОТ НА ЧЕТИРИ УЛИЦИ ВО СТРУМИЦА – ПОГЛЕДНЕТЕ ЗОШТО!

октомври 6, 2018

Општина Струмица ги известува граѓаните дека во периодот од 05.10.2018 до 22.10.2018 година ќе се врши асфалтирање на делници од улиците:

-„Младинска“ на потегот од улицата „Ѓорѓи Василев“ до крстосницата „Ристоман Попчевски“,
-„Ѓорѓи Василев“ на потегот од улицата „Киро Абрашев“ до крстосницата „Генерал Боро Поцков“
-„Ката Поцкова“ цела улица
-„11Септември“ на потегот од улицата „Елка Јанкова“ до крстосницата „Ристоман Попчевски“

Општина Струмица апелира до граѓаните за разбирање, бидејќи поради градежните активности на овие улици ќе има посебен режим на сообраќајот.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: