strumica denes logo

ПОРАЗИТЕЛНО: 700 деца се иселиле од училиштата во Македонија во првото полугодие!

Автор:

Датум:

март 20, 2024

Автор:

Датум:

март 20, 2024

Македонија има сериозен проблем со младинската емиграција, задржување на младото население во државата и општото стареење на населението. Покрај високата невработеност кај родителите, условите во образованието дополнително влијаат врз овој неповратен губиток, велат од политичката партија Левица.

Тие денеска објавија дека само во првото полугодие од оваа учебна година иселени се 700 деца од цела држава.

Овие податоци укажуваат на фактот дека трендот на иселување продолжува и во текот на учебната 2023/24 година, посочуваат од секторот.

Според податоците, во четирите средни училишта во учебната 2023/24 година се запишале 3.596, а испишани се вкупно 29 ученици, додека во основните училишта бројката е поголема и од вкупно запишани 9.296, испишани се 102 ученици. Овие податоци укажуваат на фактот дека трендот на иселување продолжува и во текот на учебната 2023/24 година, посочуваат од секторот.

Поголем дел од информациите кои доаѓаат од училиштата се дека учениците со семејствата заминуваат кон западноевропските земји, значително помал процент се отселени во други општини.

Според податоците на општинската Дирекција за образование, второто полугодие од учебната година на територијата на Гостивар започна со околу 200 деца помалку во училишните клупи.

Со слична трагедија се соочуваат и штипјани, бидејќи 50 ученици од основните и од средните училишта во овој град вчера не го почнаа второто полугодие во учебната 2023/2024 година поради тоа што заедно со семејствата се преселиле во странство.