strumica denes logo

ПОРАДИ ОГРОМНИОТ ДОЛГ КОЈ ГО НАПРАВИ СДСМ, НЕМА РАСТ НА МИНИМАЛЕЦОТ, ВЕЛИ ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ!

Автор:

Датум:

август 30, 2024

Автор:

Датум:

август 30, 2024

Државниот долг во време на СДСМ е зголемен за 4 милијарди евра, рече премиерот. Токму затоа нема повисок минималец заради огромниот долг кој го направи претходната власт. Трошеле пари кои ги немале, бесмилосно се задолжувале и за 6 години го зголемиле државниот долг, вели премиерот Христијан Мицкоски. Вети дека оваа власт ќе го поправи се она што претходната го уништила.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА

ПРОДОЛЖЕНИЕ:

„Од СДСМ велат дека се справиле со две кризи. Јас еве направив анализа. Државниот долг во СДСМ е зголемен на 4 милијарди евра. На тој начин треба да ги решаваме проблемите? Ние немаме таков пристап работите, тие тоа што уништија, ние ќе го изградиме, но нема неродените генерации да ги задолжуваме. Периодот 1.1.2018, нема да ја земеме 2017 како репер, па се до 31.12.2023, шест години – четири милијарди евра поголем државен долг. Ете така ги решавале проблемите, со пари на народот, трошеле наши, ваши пари“, изјави Мицкоски.

– Ете тие така ги решавале проблемите, со ваши пари, трошеле ваши пари. Ние тоа нема да го дозволиме, Ние ќе го обновиме тоа што тие го уништија, изјави Мицкоски.

Претходно, лидерот на опозициската СДСМ ја обвини власта дека е неспособна да да се справи со предизвиците, како порастот на минималната плата, а изговорите на Мицкоски дека наследиле празен буџет, Филипче ги нарече приказни за мали деца. Вели дека во нивниот мандат успеале успешно да се справат и со енергетска, финансиска и ковид криза, за разлика од оваа која не се грижи за зголемување на стандардот на граѓаните.

Инаку со доаѓањето на власт, Мицскоски најави ново задолжување од половина милијарда евра – пари кои би се искористиле за капитални инвестиции, а со ребалансот на буџетот проекцијата на јавен долг, каде влегува и државниот, ја зголеми од 62 на 68% од БДП за годинава.