Половина милијарда евра потрошиле граѓаните на Македонија на коцкање за една година!

август 30, 2022

Во 18 компании од секторот „обложувалници и огранизатори на игри на среќа“, минатата година граѓаните оставиле 488,3 милиони евра. Тоа е значително повеќе од 2020 година кога во секторот влегле 366 милиони евра. Ова е и разбирливо, ако се земе предвид дека во 2020 година, поради пандемијата имаше карантини и забрани за одење во обложувалници и во затворен простор, велат во анализата направена од порталот „Пари“.

Ако се земе износот на ставени на коцка околу милијарда евра (ова не е конечен список на сите фирми од оваа дејност, но тука се речиси сите и најголемите), не може да се избегне впечатокот дека нашиот народ сака да си игра со среќата. Многу економисти и социјолози, во јавноста често истакнуваа дека „колку народот е посиромашен, толку е повеќе склон да игра игри на среќа“. Од вложените безмалку половина милијарди евра, некој и ќарил. Но обложувањата и коцката се такви што многумина ќе изгубат пари. Некои загуби се незначителни, всушност тоа се пари планирани за малку евтина социјална дружба, со тикет во рака во спортска обложувалница, како во некое кафуле на пијачка. Но, некои чинат многу – дотолку што упропастиле цели семејства, велат во анализата.

„Пари“ направи анализа на нашите коцкарници – обложувалници и организатори на игри на среќа. Податоците од платформата БизнисМрежа.мк покажуваат дека нивните добивки се движат од 78.000 евра до 15,7 милиони евра.

Како што може да се види од податоците, компанијата каде најмногу се остваат пари на апаратите за игра на среќа „Про Бетинг“, односно која лани направила промет од дури 83,7 милиони евра, има „лабава“ добивка од само 78.000 евра. Тоа е вушност и најмалата добивка од страна на компаниите од оваа дејност кои ги анализиравме, направена лани. Најголемата добивка е направена од страна на Државна видеолотарија на РСМ -КАСИНОС АУСТРИА ДОО Скопје. Таму добивката е дури 15,7 милиони евра. Но, она што е особено интересно е дека оваа добивка е на промет од 67,4 милиони евра, што укажува на тоа дека секој четврти денар од прометот е за профитот на фирмата, велат во анализата.

ИЗВОР: PARI.COM.MK

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ