Денеска преку денот сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 11, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена.
До понеделник ќе преовладува стабилно време со значително повисоки дневни температури. Од вторник и во следните два дена времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.
Дневните температури ќе бидат во опаѓање.