ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ЦЕЛОСНИОТ ПРОКОТОЛ: ДОНЕСЕНА НОВА ОДЛУКА, УГОСТИТЕЛСКИТЕ ОБЈЕКТИ НЕМА ДА РАБОТАТ ДО 20:00 ТУКУ ДО 22:00 ЧАСОТ!

мај 27, 2020

Согласно уредба на Владата поради пандемијата со коронавирусот беа затворени се сите угостителски објекти и ресторани кои вршат подготовка и продажба на храна, а единствено беше дозволено работа со нарачки и достава. Владата на вчерашната седницата донесе одлука за отворање на угостителските објекти согласно утврден протокол, а ние во целост ви ја пренесуваме втората фаза според која од утре треба да работат сите угостителски објекти и ресторани кои вршат подготовка и продажба на храна.

Протокол за отворање и работа на угостителските објекти за исхрана

1. Ограничено работно време од 08:00-22:00 часот.

2. Вработените во угостителскиот објект кои послужуваат задолжително носат заштитни маски и зачестено одржуваат хигиена на раце .

3. Се дозволува работа само на отворените делови од угостителските објекти за исхрана со послужување, кои се од три страни отворени со кровна конструкција.

4. Се ограничува бројот на гости, ќе се послужуваат само гости кои може да седат и лица кои преку шалтер ќе подигнуваат нарачки.

5. Не е дозволено послужување на гости на стоење на шанк и стоечки маси.

6. Задолжително менаџирање на влегување на гостите. Одредено одговорно лице пред влезот на угостителскиот објект.

7. На отворениот простор за послужување на гости каде има поставено маси, да се обезбеди растојание од столче до столче од 1,5-2m со соседните маси во сите правци.

8. На една маса со четири столици може да седат и да се послужуваат максимум две лица.

9. На една маса со четири столици може да се послужуваат четири лица доколку се од исто семејство.

10. Дозволен е максимален број на 12 лица на споени маси заедно со задолжително растојание помеѓу секој гостин од 1.5m.

11.Задолжително поставување на дезинфекционо средство за раце на секоја маса.

12. Засилени внатрешни контроли на вработените лица од страна на одговорно лице за одржување на личната хигиена (често миење раце) во сите фази на подготовка, прием и послужување на храна

13. Засилени санитарно-хигиенски мерки, пребришување на масите со средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот при заминување на гостите од секоја маса.

14. На крајот на смената задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини. Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.

15. Забрането е користење на сушачи за раце во тоалетите и задолжително користење на хартиени бришачи за раце за еднократна употреба.

16. Забрането организирање на прослави (свадби, родендени, крштевки и сл.)

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ