strumica denes logo

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, во недела се очекува промена на времето со врнежи од дожд

Автор:

Датум:

октомври 24, 2025

Автор:

Датум:

октомври 24, 2025

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, во недела се очекува промена на времето со врнежи од дожд. Најпрвин дожд ќе има во западните делови од земјата, а во текот на ноќта кон понеделник и во понеделник претпладне врнежите ќе се прошират насекаде.

Локално врнежите ќе бидат пообилни и поројни, со услови за грмежи и краткотрајно невреме. Особено интензивни процеси се очекуваат во западниот регион, каде количината на дожд може да надмине 30 литри на метар квадратен, проследени со засилен ветер.

Од вторник следува пад на температурите и постепено стабилизирање на времето.