Под влијание на влажен бран од Медитеранот, до сабота времето во земјава ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во текот на ноќта и утрешниот ден, особено во западните делови од државата, каде локално може да наврнат и над 25 литри дожд на метар квадратен.
Утре ќе дува умерен југоисточен ветер, поизразен долж Повардарието. Од недела следува период на претежно стабилно време, но со потпросечни температури за овој дел од годината.