ПО ПОВЕЌЕ ОД 10 ГОДИНИ ВРЧАК ОБЈАВИ НОВА ПЕСНА И НАЈАВИ АЛБУМ СО ПРОДУЦЕНТОТ НА БРУНО МАРС!

декември 25, 2022

Музичарот Раде Врчаковски Врчак (42) по подолга пауза денес објави нова песна. Насловена е „Да ме лижнеш“, а како што тој пред неколку дена објави на својот Фејсбук профил, таа е најава за неговиот нов албум снимен во Америка со продуцентот на Бруно Марс.

Откако ја објави неговата последна песна „Снегулка“ во 2011 година, Врчак се повлече од музичката сцена и целосно го промени животниот стил – од популарна музичка ѕвезда, тој стана поборник за здрав начин на живот.

Врчак беше еден од најпопуларните музички артисти во Македонија пред една деценија, чии песни се големи хитови и денеска.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ