strumica denes logo

По писмото од наставниците, со писмо и Синдикалната Организација НСОН: Директор од струмичко училиште се обучувал и патувал со пари од училиштето – „За случајот беше известен и Градоначалникот“, стои во писмото!

Автор:

Датум:

мај 7, 2025

Автор:

Датум:

мај 7, 2025

По отвореното писмо испратено до редакцијата на „Струмица Денес“ од страна на повеќе наставници од струмички основни училишта, во јавноста излезе уште една реакција, овојпат од Синдикалната организација на НСОН – Струмица.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Во дописот кој е доставен до Општина Струмица на 16.08.2024 година, С.О. НСОН поднесува претставка против директор на едно основно училиште во Струмица, поради, како што се наведува, сомнение за сериозни законски прекршувања.

Според наводите во претставката, директорот во 2023 година извршила уплата за напредна обука за директор од сметката на училиштето, иако, според член 29 став 1 од Законот за обука и испит за директор, трошоците за такви обуки се на товар на кандидатот, а не на институцијата. Дополнително, за потребите на обуката, директорот патувал од Струмица до Скопје, а трошоците за патувањето исто така биле покриени од буџетот на училиштето.

Синдикатот наведува и други неправилности во работењето, меѓу кои и вработување на наставници без соодветно образование на определено време, без притоа да бидат обезбедени часови за постојаните вработени. Ова, како што стои во дописот, е спротивно на член 10 став 2 од Законот за наставници и стручни соработници, и директно доведува до создавање на технолошки вишок во училиштето.

Како особено спорен пример, се посочува и дека наставник по македонски јазик со долгогодишно искуство е прераспределен на работно место библиотекар, додека на неговото место е вработено ново лице на определено работно време, што според НСОН е спротивно на законските норми.

Од С.О. НСОН нагласуваат дека најпрво се обраќаат до локалната самоуправа, очекувајќи реакција од градоначалникот Костадин Костадинов и надлежните општински служби, со цел, како што наведуваат, да се утврдат фактите и да се преземат соодветни мерки.

Доколку изостанат институционални реакции, синдикатот најавува покренување на постапки пред надлежните инспекторати и институции за финансиско и трудово работење.