Плата 24.000-30.000 денари: Новоотворениот продажен салон на Пет Шоп Пријатели во Струмица вработува!

август 28, 2023

Новоотворениот продажен салон на Пет Шоп Пријатели во Струмица (кај болницата) вработува!

Плата: 24.000-30.000ден.

Љубовта кон животните, производите за секојдневно квалитетно нивно одгледување како и аксесори отсега ги има и во Струмица во Пријатели, кој има голем избор на висококвалитетна храна за кучиња, мачиња, птици, глодари и уште многу повеќе…

Приказната која започна со еден мал продажен салон во Битола, во сега веќе далечната 2010 , денес може да се пофали дека ја има во 4 градови во Македонија, во која е и Струмица, каде во потрага сме за нови лица кои имаат ентузијазам и желба да работат со животни, но ја имаат и љубовта кон нив.

Оние кои се заинтересирани, и сакаат да работат во пријателска атмосфера, можат да испратат CV на следниот маил:vrabotuvanje@prijateli5.com

Ние гарантираме, редовна плата, која се движи од 24.000 па до 30.000 денари во кои се вклучени бонуси.Одмор, службен телефон, како и дигитализирана интерна организација, сѐ со цел поефективна и полесна работна атмосфера.

Она кое го очекуваме, се ведри и насмеани личности, комуникативни и позитивни.

Нашата цел е да бидеме едно големо Пријателско семејство, кое функционира исклучиво за да има здрави и убави домашни миленици. Она по кое сме препознатливи е нашето мото, „Ние сме Пријатели на вашите Пријатели“.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ