Петар Јанков, кандидат за градоначалник на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:
🇲🇰 Денеска ја продолживме низата на средби со граѓаните во штабовите на месните комитети 2/2 и 2/3. Јас сум постојано меѓу моите сограѓани и надвор помеѓу граѓаните, ме гледаат, ми пристапуваат и споделуваат проблеми. И вечерва сите срдечно се поздравуваме и си посакуваме добра и светла иднина за нашата Струмица.
Нека бидат поздравени и оние кои седат зад штабските тастатури и во недостиг на бројки и факти се расфрлаат со зборови кои само ја покажуваат нивната паника за она што ги чека наскоро, а ги чека народот на Струмица! 🚨
ВМРО ДПМНЕ е партија на народот, за разлика од вас кои 20 години Струмица ја користите за лични привилегии, богатења и корупции!
Додека вие меѓу четири ѕида пишувате постови, ние сме надвор меѓу граѓаните и јасно гледаме само една анкета со овие резултати:
Народот е против лаги! ❌
Струмица е против лични привилегии! ❌
Промената е против вашето минато! ❌
Струмичани имаат свој став и избор. И знаете што? На 19 октомври ќе го видите тој избор – и нема да ви се допадне. Резулатот е јасен : Победува народот, Струмица и промената! ✅