Петар Јанков, градоначалник на општина Струмица:
Организиравме јавен информативен настан на кој се презентираа можностите за финансиска поддршка на струмичките домаќинства за набавка на клима инвертори, топлински пумпи, изработка на енергетски ефикасни фасади како и за опрема и технологии кои штедат енергија и го намалуваат трошокот за греење и ладење. Граѓаните кои ќе аплицираат на престојниот повик и ќе ги исполнат условите, можат да добијат грант до 30% од инвестицијата на споменатите опреми и технологии.
Средствата се обезбедени преку Фондот за зелено финансирање (GFF) , поддржан од УНДП, а целта е да се подобрат условите за живеење преку поттикнување на енергетската ефикасност и подобрување на квалитетот на воздух во домовите и заедницата!
Им благодарам на сите присутни за интересот и за заедничките заложби Струмица да ја направиме почисто и подобро место за живеење!























