strumica denes logo

ПЕТАР ЈАНКОВ: Не ни требаат „спасители“ – Ни треба народ што ќе рече „доста беше“

Автор:

Датум:

август 9, 2025

Автор:

Датум:

август 9, 2025

Петар Јанков, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Струмица:

СТРУМИЦА СО ИДНИНА !

Секое утро Струмица се буди тивко. Преубав поглед кон големата котлина, но со празни улици. Шеталиштето не е толку раздвижено, кафулињата ја немаат онаа стара енергија. Младите – сѐ помалку ги има. Струмица ја пропушта младоста низ раце, а тоа се гледа на улиците.

Младите преземат трендови со опасност, зависност и ризик. Контрола и казни се мал дел од решението. Знаеме дека така (со предизвик) се заокружува трендот на младешки бунт. Во меѓувреме парковите и спортските сали се празни. Слаба можност на спортската инфраструктура, неосветлени и обраснати празни игралишта, полно отпадоци. Очигледно отсуство на образовни и забавни трендови кои може да го привлечат интересот на младите. Билетот кон Европа станува главна тема. Стопанството и домаќинствата тешко доаѓат до солидна работна сила и услуги…

Нема потреба да премолчуваме – не е како порано. Струмица беше центар на културата, со полно срце и душа. Имавме грандиозен карневал, научни средби. Имавме историски најдобри спортски резултати.

Денес? Има календар на настани – но нема жар. Статистиката драстично се промени. Бројките и показателите го загрижуват секој жител, стопанственик, особено родителите.

Да ја разбереме младината во контекст на нивното време, на она што е нивно идно општество. Струмица мора да биде местото на тоа идно општество.
А градот… како да чека нешто. Чека некого.

Имаме луѓе – но секој верува дека нешто лесно ќе се смени. Дека друг нешто ќе направи.

А мора да направиме промени.

Струмица не е заборавен град. Привремено спие. А ние сме тие што треба да ја разбудиме. Не со големи зборови и силни ветувања. Туку со дела. Со програми и поддршка за млад човек што сака да остане тука. Со интерес на стопанството и обединување на институциите. Со менторство и обуки. Млади кои носат одлуки наместо пасивно набљудување. Со избор за образование и спорт. Со охрабрување. Со акција.

Не ни требаат „спасители“. Ни треба народ што ќе рече: „Доста беше.“

Доста беше чекање. Доста беше апатија.

Струмица е наша. И ако не ја сакаме и не ја чуваме – никој друг нема.

Ајде да ја разбудиме. Време е.