Пациентите повеќе нема потреба да плаќаат на приватно – Струмичката болница купи рентген за заб!

март 15, 2023

Рентгенот на заб, пациентите од струмичко повеќе нема потреба да го плаќаат на приватно. По апартот за рентген панорама за снимање на горна и долна вилица, Здравствениот дом од Струмица набави и мобилен рентген апарат за снимање на заб. Опремата е набавена со сопствени средства од установата и треба да овозможи квалитетна дијагностика само со партиципација.

Освен на стоматологија, нови инвестиции има и во службата за вакцинација во која за прв пат е обезбеден агрегат за чување на вакцини, а неколку други служби добија нова столарија кога треба да овозможи поголема енергетска ефикасност.

Покрај новата опрема од пред неколку месеци беа подобрени и условите во итната медицинска помош. За прв пат од како постои службата просториите во кои таа е сместена беа целосно обновени и реконструирани.

ИЗВОР: СИТЕЛ
КЛИКНИ ОВДЕ ЗА ЛИНКОТ: https://sitel.com.mk/strumichkata-bolnica-kupila-rentgen-za-zab

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ