Фудбалерот Алекс Митров, кој минатата година пристигна во ФК Беласица од Швајцарија, каде играше за реномираниот клуб Јанг Бојс, е на чекор од ново големо поглавје во својата кариера. Митров, кој веќе се докажа како дел од македонската репрезентација до 18 години, доби покана од италијанскиот клуб Трст и се очекува во сабота да потпише професионален договор со овој тим.
Овој талентиран млад фудбалер е роден во Швајцарија, но неговите корени и љубовта кон татковината се длабоко вкоренети, бидејќи родителите му се од Струмица. За време на својот престој во Беласица, Алекс ја покажал својата способност и посветеност, оставил силен впечаток, а и самиот вели дека му е чест што имал можност да игра во родниот град на неговите родители.
„Многу сум благодарен на ФК Беласица за поддршката и можностите што ми ги пружи во Струмица. Времето поминато тука беше непроценливо искуство за мене. Посебна благодарност упатувам кон претседателот на клубот Славчо Васков – Пинда,“ изјави Алекс, кој е подготвен за следниот чекор во Италија.
Сигурно е дека со потпишувањето на овој договор, Алекс Митров ќе продолжи да го претставува македонскиот фудбал на меѓународната сцена и ќе биде инспирација за многу млади таленти од земјата.