strumica denes logo

ПАРТИИТЕ СЕ ДОГОВОРИЈА: НА 8 МАЈ ЌЕ СЕ ГЛАСА НА ДВОЈНИ ИЗБОРИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!

Автор:

Датум:

декември 4, 2023

Автор:

Датум:

декември 4, 2023

Сто дена пред овие избори ќе се формира техничка влада. И најголемата влајачка и најголемата опозициска партија се уверени во победа. СДСМ, веќе ги започнал партиските процедури за изборите – покрената е иницијатива за „европски фронт“ и постапка за избор на претседателски кандидат.

Осми мај е датумот кога во Северна Македонија ќе се гласа на парламентарни и втор круг претседателски избори. Претходно, на 24 април ќе се одржи првиот круг од претседателските избори.

Ова е исходот од лидерската средбата што се одржа денеска (4 декември) во Собранието.

Лидерите на двете најголеми парламентарни партии – СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски, објавија дека за датумот постои широк консензус.

„Морам да изразам задоволство што по 17 години повторно имаме редовни парламентарни избори, последните биле во 2006 година. Тоа значи дека владата успеала да креира дополнителна стабилност, извесност и предвидливост. Тоа е голем чекор по постоењето на заробена држава до пред само помалку од пред една декада“, рече Ковачевски по лидерската.

Мицкоски потврди дека се согласиле со датумите, но се пожали дека не се испочитувало правилото да нема интервенции во Изборниот законик шест месеци пред почетокот на кампањата.

Станува збор за измени согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР, кои според најавите од Ковачевски, следниот период ќе бидат доставени до координаторите на пратеничките групи за да може да се изгласаат во Собранието.