(ПАРАВЕСТ) СТРУМИЧКИТЕ УМЕТНИЦИ: „НЕЛИ ВИ ПРЕЧИ ШТО Е БЛОКИРАН ПАТОТ ПРЕД ВЛЕЗОТ НА КУЛТУРНИОТ ДОМ?“

април 17, 2021

(ПАРАВЕСТ)

ПАРАВЕСТ фотографија споделувана од струмичките уметници на фејсбук:

Нови тезги денеска се појавија кај Домот на културата. Граѓаните се прашуваат дали е некој од новите културни проекти на уметниците или пак конечно се отвора нов пазар на платото пред Домот.

-Недостигаше пазар на тој празен простор, премногу ми е далеку да барам низ градот тезги со праз и зелка.

– Одговори една затекната граѓанка на прашањето „Нели ви пречи што е блокиран патот пред влезот на Културниот дом?!

Институциите пак се затекнати. Тие уште го истражуваат случајот и ги бараат ингеренциите за евентуално остстранување на дивите тезги со праз.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ