strumica denes logo

ПАДНА МЕТАЛНА СТАТИВА ВРЗ ГЛАВА НА ДЕТЕ ВО ГРАДИНКА ВО СТРУМИЦА, А СЛУЧАЈОТ УШТЕ НЕ Е ПРИЈАВЕН ВО ПОЛИЦИЈА – ДАЛИ НЕКОЈ САКА ДА ГО СКРИЕ НЕМИЛИОТ НАСТАН?

Автор:

Датум:

јуни 30, 2024

Автор:

Датум:

јуни 30, 2024

Во  градинка во Струмица на 3 јуни се случи немил настан кога метална статива падна врз глава на дете, предизвикувајќи му сериозни повреди. Според информациите добиени од очевидци, инцидентот се случил кога децата играле на отворено во дворот на градинката.

Настанот предизвика голема загриженост меѓу родителите бидејќи според информациите на Струмица Денес кои ги добивме од МВР, случајот сѐ уште не е пријавен во полиција.

„Во врска со вашето прашање Ве известуваме дека на 03.06.2024 во СВР Струмица не е пријавен настан случен во градинка во Струмица. СВР Струмица има постапувано по ваков настан по насоки дадени од јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица“, стои во соопштението на МВР.

Дали некој се обидува да го прикрие овој немил настан и дали има некакви обиди за избегнување на одговорност?

Одговорните лица во градинката до подготвувањето на оваа објава, не дадоа одговори на следниве прашања: Дали и кога некој го пријави случајот во Свр-Струмица и Социјален или Образовен инспекторат? Дали e постапено по целиот протокол после незгода и дали е санкционирана учителката и од морални и етички причини, дали директорката ќе си даде оставка?

Струмица Денес исто така се обрати и до ЈЗУ Општа Болница – Струмица со прашање дали од нивна страна е постапено според протоколот, односно дали ЈЗУ Општа Болница – Струмица откако го прими и прегледа пациентот, случајот го има пријавено во СВР-Струмица и ако не е, зошто не е пријавен?

И од таму одговор нема одговор до подготвувањето на оваа објава.

Како што дознава Струмица Денес, повреденото дете веднаш било пренесено во клиника во Скопје каде било во животна опасност цела ноќ, но за среќа сега е во добра состојба.

Очекуваме дека надлежните институции брзо ќе преземат мерки за расветлување на овој инцидент и ќе обезбедат поголема безбедност за децата во градинките во Струмица во кои очигледно  не е на високо ниво.