СТРУМИЧАНИ БУРНО РЕАГИРААТ ПРОТИВ ИЗЈАВАТА: Ковачевски вели дека направиле многу за родовата еднаквост, изјави дека тој лично ќе го предложи законот за родова еднаквост!

март 5, 2024

На Осмомартовски Марш по повод Интернационалниот ден на жената, претседателот на СДСМ Ковачевски се осврна на фактот дека Владата предводена од СДСМ направи големи исчекори во обезбедувањето на родовата еднаквост, рамноправност, заштитата и поддршката на жените во општеството.

“Тука сакам да ви ветам дека јас ќе бидам тој којшто ќе го предложи законот за родова еднаквост. Не може мажите да се кријат зад жените и да ги пуштаат жените да го предлагаат законот за родова еднаквост. Мажите треба да застанат во прв ред и тие да го предложат законот за родова еднаквост. Затоа, јас ви ветувам дека по 8 Мај, како претседател на Владата, првиот закон кој ќе го предложам ќе биде закон за родова еднаквост, јас прв, мажите до мене и жените рамо до рамо со нас.“ истакна Ковачевски.

Струмичани кои се најголемите борци против овој закон, по изјавата бурно реагираа на социјалните мрежи и ја осудија изјавата на Ковачевски!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ