На настанот Hello Space 3.0 кој се одржа во период од 29-30.06 во Софија – Tech Park беше специјално поканета аналогната астронаутка Мартина Димоска со говор ‘From Balkans to Space Exploration- Our path forward’.
Говорот служеше за јавно поттикнување на домашните и регионални институции во активно поддржување за развој на вселенскиот сектор на Балканот.
Професорката Зорица Масникоса-Поп Трајкова се вклучи во едукативна работилница насловена ‘Galactic Time Portal’.
Целта на оваа работилница беше преку спознавањето на првиот телескоп наречен Галилеоскоп, учесниците да се стекнат со основни познавања и да се вроди љубов кон Астрономијата.
Работилница беше поделена во два сегменти: теоретски и експериментален.
Теоретскиот дел опфаќаше: запознавање со основните карактеристични величини за телескоп и лупа и добивање на лик со телескоп и лупа.
Експерименталниот дел се состоеше од изработка на астрономскиот инструмент Галилеоскоп.
Учесниците имаа проактивна дискусија со Мартина и Зорица и за точно одговорени прашања добиваа награди од партнерите што ја поддржаа оваа иницијатива: СОУУД ,, Димитар Влахов,, Струмица, компанијата Мамас, International Space Alliance и организацијата што го организира настанот Atlantic Club of Bulgaria.
Градоначалникот на општина Струмица Коста Костадинов активно се вклучи во овој настан со поттикнување на идните млади генерации и остави јасна порака ,,Да се гради кариера и да се вложува во наука е долг процес, но не невозможен.
На настанот Hello Space 3.0 беа вклучени многу видни личности од вселенскиот сектор, меѓу кои и поранешниот астронаутот во НАСА, Greg ‘Box’ Johnson.
Повеќе детали околу настанот може да проследите на hello-space.eu