Општина Струмица стана член на Асоцијацијата на градови од Македонија и Бугарија

април 12, 2018

Градоначалникот Коста Јаневски, денеска, учествуваше на првата работна средба на која што беше основана Асоцијацијата на градови од Република Македонија и Република Бугарија која што се одржа во Куманово. Целта на оваа Асоцијација е воспоставување на побрза динамика во развивањето на прекуграничната соработка . Тоа значи дека Асоцијацијата и администрациите на локалните самоуправи преку разни проекти подеднакво ќе работат на забрзување на одржливиот економски развој во прекуграничниот регион, на унапредување на социјалната интеракција како и на развивање и унапредување на квалитетот на животот во овие градови. На првата работна средба присуствуваа триесетина градоначалници од Македонија и Бугарија кои разговараа за начинот на кој што ќе се одвива соработката која треба да донесе нови перспективи за граѓаните од двете страни на границата.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ