ОПШТИНА СТРУМИЦА РАСПИША ПОВИК ЗА ЧЛЕНОВИ КОИ ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД ИНИЦИЈАТИВАТА ЗА ОСНОВАЊЕ ЛОКАЛЕН МЛАДИНСКИ СОВЕТ ВО СТРУМИЦА!

мај 9, 2019

Општина Струмица распишува повик за членови на иницијативен одбор во општина
Струмица, Република Северна Македонија, кои ќе бидат дел од иницијативата за основање
локален младински совет во општина Струмица.

Главната цел на формирањето на локален младински совет е да се зајакнат капацитетите на
младинското здружување на локално ниво, нивно формално препознавање од страна на
општината, како и заедничка работа за унапредување на младинските политики на локално
ниво, преку развој на младински активизам, младинска работа и младинско учество во
процесите на носење одлуки. Капацитетите на локалниот младински совет ќе бидат
зајакнати преку обуки помогнати и поддржани од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Членови на иницијативниот одбор можат да бидат млади номинирани од младински
организации или друг тип младински структури од општина Струмица. Иницијативниот
одбор ќе го води основањето на локалниот младински совети, ќе работи на креирање на
структурата на телата и промоција на потребата од младинско организирање и младинско
учество на локално ниво.

Членовите на иницијативните одбори ќе бидат континуирано вклучени во активностите за
формирањето на локалниот младински совет, се до формирањето на Основачко собрание.

Активности за идните избрани членови на локален младински совет:

 Учество на обуки за младински активизам и младински политики;

 Учество во унапредување на локалните младински политики преку организирање младински настани и акции;

 Соработка со општината за воспоставување на Локален младински совет;

 Соработка со сите форми на младинско здружување на локално ниво;

 Активно учество при спроведување на обуките и останатите активности предвидени
со проектот;

 Активно учество при изработка на локални младински документи.
Критериуми кои треба да ги исполнуваат младите лица кои сакаат да се вклучат во
иницијативниот одбор сe:

 Да бидат жители на општина Струмица,

 Да бидат на возраст од 15 – 27 години.,

 Да бидат креативни и способни за индивидуална тимска работа.

Критериумите за организациите кои сакаат да номинираат свој претставник како член во
иницијативниот одбор се следните:

 Да се младински здруженија, организации за млади, сојузи, унии, средношколски или
студентски заедници, подмладоци на политички партии, спортски друштва, културно-
уметнички друштва или друга форма на здружување на млади, формални или
неформални здруженија на млади;

-Да се регистирани и/или делуваат на подрачјето на општина Струмица.

-Да номинираат свој претставник/чка (возраст меѓу 15 и 29 години) во
иницијативниот одбор и да имаат можност за континуирано и активно учество во
активностите на проектот преку својот претставник.

-Да имаат интерес за унапредување на локални младински политики;

-Да имаат интерес за развој на младинското здружување на локално ниво;

НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ

Оние кои ги исполнуваат горенаведените услови, а аплицираат како индивидуални лица за
аплицирање треба да ги донесат следниве документи:

 Мотивационо писмо,

 Kратка биографија – CV.

 Потврда дека се ученици/студенти или потврда за завршено образование,

 Уверенија добиени од курсеви, обуки и натпревари.

 Писмени предлози од предлагачите (доколку ги има).

Организациите заинтересирани да аплицираат ќе треба да ги достават и следните
документи:

 Портфолио на организацијата;

 Извештај за работата на здружението за 2018 година или друг документ во кои се
наведени реализираните активности со млади, младински политки и иницијативи во
општината.

 CV на претставникот/делегатот кој се номинира.

Сите заинтересирани млади лица или младински организации или други младински
структури кои ги исполнуваат условите на повикот може да се пријават најдоцна до 10 мај
2019 година, 16:00 часот на електронската адреса lmsstrumica@gmail.com

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ