Home

Perdormire
Струмица

ОПШТИНА СТРУМИЦА НАБАВИ НОВА ПРОТИВПОЖАРНА ОПРЕМА ЗА СТРУМИЧКИТЕ ПОЖАРНИКАРИ!

Home

ПОЖАРНИКАРИ-СТРУМИЦА:

Со цел зајакнување на капацитетите на противпожарната заштита, денес во ТППЕ Струмица пристигна противпожарна опрема и техника набавена од страна на Општина Струмица. Набавени се најнови модели на изолациони апарати за дишење кои се неопходни за гасење на пожари во затворен простор, комбинирани апарати на воздух и вода за гасење на пожари на отворен простор, грбни пумпи за гасење пожари на отворен простор, турбо млазници и црева.

Со набавката на оваа опрема значително се зголемува квалитетот и ефикасноста на интервенирање на ТППЕ Струмица во различни ситуации.

Во наредниот период се очекува набавка на специјална интервентна облека и лична заштитна опрема.
#Секогаш подготвени
#Секогаш за граѓаните
#ТППЕ Струмица