🍽🕕 Угостителските објекти ќе се затвораат во 18 часот, наместо во 21 часот како што беше досега.
👥❌ Забрането е организирањето на каков било тип прослави за време на новогодишните празници на отворен и на затворен простор од страна на кои било физички и правни лица и јавни субјекти.
Ова се дел од мерките, коишто Владата ги донесе на денешната седница, по препорака на Комисијата за заразни болести. Овие мерки ќе траат во периодот од 18 декември до 20 јануари, со цел да го избегнеме зголемувањето на бројот на заболени од КОВИД-19 во претстојниот период на празници.
Да бидеме одговорни за празниците. #ПразнувајОдговорно!