ОФИЦИЈАЛНО: СЕ ОДЛОЖУВА СТАРТОТ НА УЧЕБНАТА ГОДИНА, УЧЕНИЦИТЕ НА УЧИЛИШТЕ СЕ ВРАЌААТ ОД 1 ОКТОМВРИ!

август 26, 2020

Учебната година ќе почне на 1 октомври, одлучи Владата на денешната седница. Владата го задолжи Министерството за образование да го промени календарот за почеток на учебната година на 1 октомври.

Владата го задолжи Министерството за образование и наука да го промени календарот за учебната 2020/2021 година со што наставниот процес наместо на 1-ви септември да започне на 1-ви октомври 2020 година, се вели во соопштението.

Усвоен е Протоколот за постапување на основните училишта за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците во учебната 2020/2021 година и Протоколот за постапување на средните училишта за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците во учебната 2020/2021 година.

Донесена е одлука за формирање на работна група во којашто ќе учествуваат претставници од Министерството за здравство, Министерството за образование и наука и од Канцеларијата на претседателот на Владата.

Како што посочуваат од Владата, оваа работна група ќе ја следи состојбата и ќе дава мислење за подготвеноста на основните и училишта за спроведување на наставата во услови на Ковид-19 по поднесени барања од страна на основачот на училиштето за организирање на настава со физичко присуство, како исклучок од задолжителната онлајн настава за учениците од четврто одделение во основното образование и за учениците до четврта година во средното.

За измените за стартот за учебната година претпладнево информираше и мандатарот Зоран Заев.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ