ОФИЦИЈАЛНО: Полициски час од полноќ, од утре настани на отворено и вежбање во теретани!

мај 11, 2021

Владата на 69-та редовна седница, донела одлука, забраната и посебниот режим на движење на населението и возилата од јавен превоз од 12 мај 2021 да почнува од 24:00 часот до 04:00 часот наутро наредниот ден.

Дозволено време за работа на угостителските објекти за работа со посетители/гости во отворениот дел од угостителскиот објект (само летни тераси, градини, а не во затворениот дел) е до 23:30 часот, почнувајќи од 12 мај 2021 година.

Од 12 мај 2021 година, сите настани може да се одржуваат согласно наменските протоколи, со исполнетост до 30 отсто од капацитетот на затворениот простор.
Вежбалните, фитнес центрите и теретаните може да отпочнат со вршење на својата дејност во објектите, почнувајќи од 12 мај 2021 година.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: