Министерството за финансии информираше за одлуката за одземањето на Лиценцата за приредување на игри на среќа во автомат клуб издадена на Друштвото за производство, трговија и услуги „АРЕНА ГАМИНГ“ ДООЕЛ Струмица.
Даночниот обврзник не ги подмирувал месечните обврски за даночните давачки за целиот период на контролата и не работел во согласност со законот.
Воедно констатирано е дека Државна лотарија незаконски доделувала лиценци за приредување на игри на среќа, за што ќе бидат информирани и надлежни истражни институции.