Home

Perdormire
Струмица

ОДРЖАНА ТРЕТАТА ФОРУМСКА СЕСИЈА ВО СТРУМИЦА!

Home

Во големата сала на домот на АРМ, синоќа се одржа третата форумска сесија во рамките на Буџетскиот форум во општина Струмица 2019/2020 година. На оваа сесија беше направен преглед на планираните расходи по дел од буџетската програма „Ј“ за 2020 и потпрограми – развојни програми: Урбана опрема, Нови зелени површини, Нов Парк – АТШ Берово, Нови канализации во Општина Струмица, Уредување на канал Крушевска Република, Канализациони системи во с.Вељуса, Изградба на мрежа за гас и Енергетско ефикасни фасади.На сесијата се утврдуваа и граѓанските приоритети.