Home

Perdormire
Струмица

ОДРЖАН МАРШ ВО СТРУМИЦА ПРОТИВ РОДОВОТО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО ПОД СЛОГАНОТ „НЕ МОЛЧИ! НЕ ТРАЈ! СТАВИ КРАЈ“

Home

„Не молчи! Не трај! Стави крај!“. Под овој слоган вчера во Струмица се одржа Марш против родово базираното насилство, а во рамките на на кампањата „16 денови активизам против родово базирано насилство“ што се реализира во општина Струмица. Со маршот кој се одвиваше на делницата од споменикот на Борис Трајковски во градскиот парк до зградата на Општина Струмица, учесниците упатија порака за охрабрување на жените и девојчињата од општината, да не молчат и да стават крај на насилството, но и за поттикнување на релевантните институции за преземање координирани и ефикасни мерки против родовото базирано насилство. Тие уште порачаа: „Сите заеднички марширавме бидејќи насилството врз жените и девојчињата претставува брутален облик на дискриминација и кршење на основните човекови права, а истовремено ја продлабочува и нееднаквоста помеѓу мажите и жените“. Настанот беше поддржан преку Програмата за еднакви можности на жените и мажите на Општина Струмица, а организатори беа Организацијата на жени од Струмица, Скај Плус и Родова перспектива, во соработка со Координаторката за еднакви можност на Општина Струмица и Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Советот на општина Струмица.