ОДЛИЧНА ВЕСТ: ЗАПОЧУВА ИЗГРАДБА НА ДВЕ СЕРВИСНИ УЛИЦИ И ТРИ ФЕКАЛНИ КОЛЕКТОРИ ВО НАСЕЛБАТА „СОФИЛАР“

август 5, 2021

Коста Јаневски, градоначалник на општина Струмица:

📣Со посебно задоволство ја соопштувам следната вест затоа што на овој проблем со мојот тим работевме од почетокот на мојот мандат, ветивме и еве започнуваме со негово решавање.

🏗Започнуваме со изградба на две сервисни улици и три фекални колектори во населбата Софилар.
🖊Денеска го потпишав договорот, набавката е одобрена од страна на Министерството за финансии во рамките на проектот за подобрување на општинските услуги.

⚒Вкупниот износ на оваа инвестиција изнесува 25.881.622,00 денари, а изведувач на работите ќе биде ДГТ Жикол ДООЕЛ Струмица.
👨‍👩‍👧‍👦Решаваме повеќедецениски проблем во населбата Софилар и обезбедуваме квалитетни услови за живот за граѓаните коишто живеат во неа.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ