ОДЛИЧНА ВЕСТ ЗА ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА: КИРЕ ЛАЗАРОВ ИЗЈАВИ ДЕКА НЕ Е ВРЕМЕ ЗА ПЕНЗИЈА И ПРОСТУВАЊЕ!

април 17, 2022

Ракометната репрезентација на Македонија по голема драма ја совлада Чешка (27-25) на домашен терен и успеа да се пласира на ново Светско првенство (СП) во историјата. Селекторот и играч на македонската репрезентација Кирил Лазаров по дуелот направи анализа на средбата и истакна дека триумфот е заслужен.

„Мислам дека победивме заслужено, демонстриравме квалитет. Единствено што ме плашеше пред мечот, тоа се случи, тоа беше да изгориме од желба и да не знаеме да го приведеме мечот до крај со повеќе голови разлика, а не со два до три гола. Во првиот дел заслуживме да водиме повеќе, но се мачевме до крајот како и секогаш. Македонија е позната по тоа. Минавме две моќни репрезентации, Романија и Чешка, кои ќе значат нешто во иднина во европскиот ракомет. Сакам да им честитам на сите момци кои го дадоа најдоброто од себе и тоа на крајот од сезоните. Пресреќен сум, ова е голем резултат за Македонија. Бевме скептици по СП во Египет и ЕП во Австрија дека без Кирил Лазаров и Филип Миркуловски нема да има квалитетна македонска репрезентација, но се изборивме за нов голем настан. Имаме добри шанси да играме и на следното ЕП, но мора да работиме сериозно. Драго ми е за играчите, за Филип Кузмановски и Филип Талески, исто како за мои деца, им се поставувам како татко, ги бодрам секогаш, затоа што знам како им беше. Не е лесно да се биде репрезентативец на Македонија“, изјави Лазаров.

Потоа, селекторот на македонската репрезентација прокоментира и за последниот меч на Филип Миркуловски. Бекот на Вецлар по крајот на сезоната заминува во пензија и ќе остане член на стручниот штаб на бундеслигашот и Македонија.

„Имав доста главоболки пред натпреварот знаејќи дека за Миркуловски ова ќе биде последен меч. Со оглед на возраста, одлуката и решението беа краткорочни. Не сакајќи да му одземам минути, му дадовме голема улога, учествуваше во победата со огромен придонес. Миркуловски е еден посебен човек со чиста душа, чисто срце и секогаш сака да даде плус за Македонија и колективот, а не гледа на индивидуалните признанија. Го познавав како соиграч од соблекувалната, сега го запознавам повеќе како човек како член на стручниот штаб“, додаде Лазаров.

Многумина очекуваа пензија на Лазаров на оваа средба, меѓутоа тоа не се случи. Дали постојат шанси тој да заигра и на Светското првенство?

„Кажав уште во изјавите пред мечот дека сега не е време за пензија и простувања, најважно ми беше Македонија да игра на СП. Мора да ја негуваме традицијата и во тешки моменти да дадеме поддршка. Полека излегуваме на површина и градиме нова репрезентација затоа што народот и Македонија ја сака и ја почитува оваа ракометна селекција. Мислам дека 90% е сигурно дека ќе ме гледате во тренерка на следното СП. Ја продолжив кариерата на уште една година поради ковидот и поради Македонија. Благодарност до целта јавност, благодарност до оваа феноменална публика, благодарност и до сите критичари и поддржувачи“, заврши најдобриот македонски ракометар.

Настапот на СП 2023 во Шведска и Полска ќе биде тринаесетто за Македонија во низа. Нашиот национален тим на ждрепката ќе биде во вториот шешир.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ