strumica denes logo

ОД ВТОРНИК НАТПРОСЕЧНО ТОПЛО ЗА ОКТОМВРИ: Вратете ги јакните накратко во плакар, летото ќе дојде за последен поздрав

Автор:

Датум:

октомври 10, 2025

Автор:

Датум:

октомври 10, 2025

Од вторник во Македонија ќе преовладува стабилно време со дневни температури малку над просекот за овој период од годината, соопшти Управата за хидрометоролошки работи.

До вторник, пак, ќе остане посвежо времето, со температури под просекот за октомври.

Времето утре ќе биде променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието и во источните делови засилен северен ветер. Во североисточните делови ќе има услови за локален слаб дожд.