ОД ВМРО-ДПМНЕ ВЕЛАТ: Голема заинтересираност за протестот во сабота во Скопје, низ градовите се бара место повеќе!

јуни 15, 2022

Предвидено е протестот да започне со музички перформанс, каде учество ќе земат изведувачи и уметници, а потоа ќе се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Воедно, замислено е ова да биде протест во боите на македонското знаме, па во кореографијата се очекува да доминираат црвената и жолтата боја.

Во моментов се вршат последните подготовки пред саботниот антивладин протест во Скопје, организиран од најголемата опозициска партија во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ. Нашите извори од партијата откриваат дека ентузијазмот меѓу членовите и симпатизерите е голем, па затоа на саботниот митинг пред седиштето на Владата на Република Македонија, се очекува да се појават огромен број луѓе.

Според тоа што досега е објавено, протестот пред Владата ќе започне во 20 часот во сабота, но претходно во три засебни колони, протестантите ќе го започнат маршот од три засебни локации во центарот на градот. Протестниот марш на демонстрантите ќе започне во 19.15. Замислено е дел од протестантите да тргнат од пред Собранието на Република Македонија, втората колона до Владата ќе стигне од зборното место кај ТЦ Буњаковец, додека третата група протестот ќе го започне во близина на зградата на МТВ.

Предвидено е протестот да започне со музички перформанс, каде учество ќе земат изведувачи и уметници, а потоа ќе се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Воедно, замислено е ова да биде протест во боите на македонското знаме, па во кореографијата се очекува да доминираат црвената и жолтата боја.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ова ќе биде најмасовниот протест досега, низ градовите се барало место повеќе.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ