Home

Perdormire
Струмица

ОД УТРЕ НОВИТЕ АНТИКОВИД МЕРКИ: Редари ќе проверуваат и ќе одлучуваат кој може да оди на свадба, во театар, кафеана и на сите јавни настани!

Home

Утре на сила стапуваат новите мерки против ширењето на коронавирусот според кои во кафеаните, кафулињата и на јавни настани ќе може да влезат само вакцинирани граѓани и тие што прележале Ковид -19 во изминатите 45 дена.

Од утре се воведува задолжителна потврда за вакцинација, најмалку една доза, за лицата над 18 години.

За спроведување на мерките ќе има редари кои ќе вршат контрола на потврди за вакцинација при влез во секаков вид објект и на отворено, вклучително и во угостителски објекти, каде има повеќе од 30 присутни лица, но и за секакакви други настани (прослава, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културни или спортски настани) на отворено.

Останува забраната за ноќните клубови, кабареа и барови за работа во затворениот дел од објектот. Дозволено е да работат терасите со 50 проценти од капацитетот. Хотелите ќе работат со полн капацитет и по 16-ти август, само со служење пансион, во затворен простор, без потврда за имунизација од Ковид–19.

Инаку од вкупно 3.497 пациенти дијагностицирани изминатите седум дена, 3.047 се невакцинирани, а позитивни се 10 проценти од вакцинираните.